Mакедонски (Macedonian)

Секоја жена. Секои 2 години.

Повеќето жени кои заболуваат од рак на грлото на матката не правеле редовно ПАП тестови.

ПАП тестот е едноставна проверка со која се проверува дали има измени во клетките на грлото на матката кои можат да предизвикаат рак ако тие не се лекуваат.

Сите жени на возраст меѓу 18 и 70 години, кои било кога имале сексуални односи, се поттикнуваат да прават ПАП тест секои две години.

Се препорачува редовно правење на ПАП тест дури и ако моментно немате партнер или ако сте вдовица, или ако сте имале само еден партнер.

Правењето на ПАП тестот е исто многу важно откако ќе влезете во климактериум.

Правењето на тестот и резултатите се доверливи, и ако сакате, можете да побарате тестот да го направи докторка или медицинска сестра.

Распрашајте се кај вашиот доктор или медицинската сестра од заедницата или телефонирајте во TIS (Служба за писмено и усмено преведување) на 13 14 50 и побарајте да зборувате со медицинска сестра од Cancer Council.

Cancer Council може исто така да ви помогне да најдете доктор или медицинска сестра кои зборуваат македонски јазик во клиника која се наоѓа близу до вас.

Закажете ПАП тест денес.

Невообичаени резултати од пап тестот

Cancer Council Helpline